
Маск најави мисија на Марс во 2026 година
На крајот на наредната година роботи на компанијата Тесла би требало да летаат до Марс со ракета на компанијата Спејсекс. Дали луѓе наскоро би можеле да тргнат кон Црвената планета?
По повод 23-годишнината од основањето на неговата компанија за вселенски летови Спејсекс, американскиот милијардер Илон Маск најави мисија на Марс во наредната година.
Препорачано
Маск, денеска на неговата социјална мрежа Х објави мега-ракетата Старшип на Спејсекс ќе полета кон Марс кон крајот на 2026 година со хуманоидни роботи наречени Тесла Оптимус, проценувајќи дека луѓе би можеле да одат на црвената планета три до пет години подоцна.
„Старшип ќе тргне кон Марс кон крајот на наредната година, со Оптимус. Ако слетувањето (на Марс) помине добро, тогаш луѓето би можеле да одат таму веќе во 2029 година, иако е поверојатно тоа да биде во 2031 година“, напиша мултимилијардерот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа X.
Што е Старшип и што треба да постигне?
таршип со висина од 123 метри, со големина на зграда висока околу 40 ката, ќе биде најголемата и најмоќната ракета во светот.
Неговиот развој е суштински за исполнување на амбициите на Маск за развој на патувањата на Месечината и на Марс.
Американската вселенска агенција (НАСА) очекува модифицирана верзија на вселенското летало за својата програма Артемис, чија цел е да испрати астронаути на Месечината оваа деценија.
Меѓутоа, пред да лансира на Марс, Спејсекс треба да докаже дека мега-ракетата е сигурна, безбедна за екипажот и способна за сложено полнење гориво во орбитата, што е од суштинско значење за мисиите во длабоката вселена.
Но во досегашните тестови имаше проблеми. За време на последниот пробен лет во минатата недела, врвот на ракетата повторно експлодира, предизвикувајќи Спејсекс да изгуби контакт со џиновската ракета Старшип. Според Федералната управа за авијација на САД (ФАА), инцидентите мора да се истражат пред да се изврши уште еден пробен лет.
Што е Омптимус?
Исто така познат како Тесла Бот, Оптимус е хуманоиден робот што го развива компанијата за електрични возила на Маск.
Дизајниран е да врши повторувачки, опасни или секојдневни задачи што луѓето попрво би ги избегнале.
Технолошкиот милијардер го откри роботот на настан минатата година. велејќи дека очекува да се продава по цена од 20.000 долари (18.300 евра) до 30.000 долари.
Извор: Дојче веле