Илон Маск/ EPA-EFE/Samuel Corum/ POOL

Маск јавно го критикуваше законот за трошење на САД и го нарече „одвратен“

Извршниот директор на X, милијардерот Илон Маск, јавно го критикуваше законот за трошење што го поддржа претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нарекувајќи го „одвратен“, само неколку дена откако ја напушти функцијата шеф на Одделот за ефикасност на владата (DOGE).

„Жал ми е, но повеќе не можам да молчам. Ова е скандалозна, чудна, корумпирана одлука за буџетот на Конгресот“, напиша Маск на X и додаде дека законот „масовно ќе го зголеми веќе огромниот буџетски дефицит на 2,5 милијарди долари“ и дополнително ќе ги задолжи американските граѓани, објавува ABC News.

Маск претходно беше вклучен во работата на DOGE за намалување на федералните трошоци, но ја напушти таа функција минатата недела по 130 дена во улога на специјален државен службеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот