Масимилијано Алегри/фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на Јувентус

Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на Јувентус, што во основа беше познато, но беше објавено ново соопштение од клубот од Торино.

Пред тоа искусниот тренер доби отказ поради закани кон новинар, но и поради конфликт со спортскиот директор Кристијано Џунтолини.

– Јувентус и Масимилијано Алегри соопштуваат дека постигнаа договор за взаемно раскинување на соработката на крајот од актуелната сезона. Клубот му се заблагодарува на Алегри за сите резултати што ги постигна низ годините и му посакува сè најдобро во продолжението на професионалната кариера – се вели во соопштението на „бјанконерите“.

Да потсетиме, привременото решение беше Паоло Монтеро, а се очекува да го наследи Тијаго Мота.

Алегри со Јуве успеа по пет пати да ги освои Серија А и Купот на Италија, два пати италијанскиот Суперкуп, а два пати беше финалист во Лигата на шампионите во 2015 и 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот