
Масар Омерагиќ е новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија
Официјално, Масар Омерагиќ е новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Препорачано
Претходно, беше прифатена оставката на досегашниот прв човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини.
Омерагиќ на Вонредното изборно генерално Собрание ја доби довербата од 62 притусни делегати и без противкандидат ја доби функцијата претседател на ФФМ со акламација.
Омерагиќ е инаку седмиот претседател на ФФМ кој беше предложен од ОФС Свети Николе.
– Фудбалот е тимска работа. Поединец не може сам. Имам визија и трпение, и верувам во добриот тим околу себе. Заедно ќе успееме – се зборовите на Омерагиќ.
Масар Омерагиќ, новиот претседател на ФФМ: Знам како, верувам во она што ќе го споделам во неколку точки:
– Враќање на легендите во структурите на ФФМ, на фудбалски работници и имиња кои допринеле нашата земја, Република Македонија, да биде позната на фудбалски план, а имаат желба да помогнат. Чест ми е што мојот тим и мојата програма ја препознаа многу наши истакнати фудбалски имиња.
– Фудбал за секое дете. Мојот сон во минатото, но и сонот на секое дете кога ќе порасне е да биде фудбалер, добар фудбалер. Сите ние сме биле во тој сон, а ние тука и ние од утре заедно треба да му дадеме шанса на секое дете да го живее својот фудбалски сон. Затоа максимална и темелна програма и систем за унапредување на младинскиот фудбал, младинските селекции, женскиот фудбал, судиската и тренерската организација.
– Регуларно првенство, враќање на публиката на теренот и силни клубови. Под итно воведување на ВАР технологија на стадионите. А, потоа и инфраструктура со трибини, рефлектори и терени.
Тоа ќе биде еден од приоритетите. Ќе создадеме средина каде што секој играч од грасрут до професионално ниво ќе има пристап до квалитетни терени. Оваа цел заеднички ќе ја оствариме со поддршка на УЕФА И ФИФА, со помош од државните институции и локалната самоуправа.

– Спонзор на Лигата, спонзор за судиската организација. Сигурност за фудбалерите и грижа за лиценцниот систем во клубовите. Максимална соработка со сите клубови во интерес на фудбалот.
Обединување околу националните селекции и максимална поддршка во подготовките на сите репрезентации. Фудбалот е спорт кој ги обединува сите разноликости, а Македонија е пример.
– Чесност, чист образ и транспарентност. Тоа можам да ви го ветам сега и веднаш. Вратите на ФФМ се ширум отворено за сите кои имаат визија, програма и идеи за развој на фудбалот. Но, ќе биде и затворена за сите оние кои работат спротивно на интересите на фудбалското семејство во Република Македонија и се влезени во фудбалот од интерес и го злоупотребуваат овој спорт за лични интереси и на штета на сите нас. Таквите ќе имаат голем непријател во мене.