Фото: ТСЦ Бачка Топола

Мартин Мирчевски и Дориан Бабунски дополнително повикани за дуелите со Финска и Азербејџан

Селекторот Благоја Милевски поради проблеми со повреди беше приморан да прави измени во првичниот список за двата пријателски натпревари кои ќе ги одигра Македонија овој месец.

Милевски дополнително испрати повик за Мартин Мирчевски (Бачка Топола) и Дориан Бабунски (Дебрецен) за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11). Двајцата во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим.

Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски кој се повреди во вчерашниот настап за својот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!