„Марш за ангелите“ во Кочани / Фото: Принтскрин, Телевизија 24

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите бараат одговори за истрагата за полицајците

Попладнево во Кочани се одржа „Марш за ангелите“ – протест во организација на родителите кои бараат одговори од Обвинителството за текот на истрагата за осомничените полицајци, меѓу кои и оние кои биле присутни во дискотеката на трагичниот настан од 16 март.

Обвинителството, во меѓувреме, поднесе нов обвинителен акт против сопственикот на агенцијата која го обезбедувала клубот во моментот на несреќата.

Протестниот марш, кој се одржува веќе две недели, оваа недела започна еден час порано од претходно предвиденото време, јавува Телевизија 24.

Родителите повторно го искористија собирот за јавно да ги истакнат своите барања за правда и целосно расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот