
Марин Петков потпиша нов договор со МЗТ Скопје Аеродром
Еден од најперспективните македонски кошаркари во моментов, Марин Петков (21 год, 192 см), најмалку до 2027 година ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска го продолжи договорот на уште дополнителни две сезони.
Препорачано
Тој лани дојде во македонскиот шампион кога потпиша двегодишна соработка, а управата на клубот реши да го „врзе“ на подолг период без да чека да му заврши актуелниот договор.
Причина за тоа е вербата во неговиот талент и квалитет, заедно со очекувањата дека во блиска иднина ќе биде еден од носителите на играта на „сино-белите“.
Петков минатата сезона настапи на 13 средби во АБА2-лигата на кои доби десетина минути во просек да покаже што знае, додека во домашното првенство одигра 30 средби со просек од 5,3 поени и 2,7 асистенции.
Како дел од подготовките за новата сезона најавено е дека МЗТ ќе настапи на силен турнир во Кина (27 август – 1 септември).
Летово нови играчи на тимот станаа Американецот Брандон Слај и Србинот роден во БиХ, Милош Копривица, додека соработката со клубот ја продолжија и Хрватот Марко Бакович и браќата Дамјан и Војдан Стојановски. Договор имаат уште и Бојан Крстевски, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5