
Марија Шерифовиќ откри што добила од претседателот Тадиќ за победата на Евровизија
Марија Шерифовиќ ја претставуваше Србија на Евровизија во 2007 година со песната „Молитва“ и тогаш ѝ донесе победа на својата земја.
Препорачано
Таа во последното интервју раскажа што ѝ дал тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ по победата.
„Низ историјата можевме да видиме дека, без разлика дали се работи за музика, уметност, која било од оние сфери кои заслужуваат какво било признание, тоа речиси никогаш не се случило. Така што, не ми пречи. Најголемата благодарност – аплауз, добив од луѓе кои се со мене 20 години, кои стареат со мене. Што се однесува до државата, тоа не ме интересира премногу, си обезбедив и направив сè за себе“, рече таа.
Потоа Марија се осврна како Александар Тијаниќ тогаш предложил Марија да добие награда од 80 илјади евра, како и спортистите кои учествуваат на Олимписките игри и постигнуваат завидни резултати.
„Се сеќавам што рече тогаш господинот Тијаниќ, тоа не се случи, а јас отидов на прием кај тогашниот претседател Борис Тадиќ. Тој праша: ‘Што да направам за тебе?’. Што да му кажам? Не ми треба ништо, мислам што би направил, јас направив повеќе за тебе, не треба ти да правиш ништо за мене. Добивме вратоврска и бонобниера, тоа е тоа, тоа е единствената вистина“, рече таа.
Потоа додала дека вратоврската му ја дала на својот менаџер бидејќи таа не носела вратоврски, а слатките ги задржала за себе.