Фото: Фејсбук, Бојан Маричиќ

Маричиќ во Данска на конференција по повод 30 години од копенхашките критериуми

По повод 30-годишнината од копенхашките критериуми, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска на покана на данскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен, е во еднодневна посета на Кралството Данска.

Како што информира Секретаријат за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе има обраќање во втората сесија „Моменталните земји кандидати: предизвици, можности и начини за напредување“ на панелот на тема: „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“. Негови соговорници ќе бидат српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ, заменик-министерката на Албанија Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија.

На маргините на конференцијата вицепремиерот Маричиќ ќе сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи на Кралство Данска Ларс Локе Расмусен, а потоа заминува за Берлин, каде заедно со премиерот Ковачевски и министерот за надворешни, Османи ќе остварат работната билатерална средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!