Фото: Бојан Маричиќ / Фејсбук

Маричиќ се сретна со Вархељи: Времето до самитот да се искористи за решение со Бугарија

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во рамки на официјалната посета на Брисел, денеска одржа средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи, на која било разговарано за дијалогот помеѓу Скопје и Софија, за европската перспектива на Западен Балкан, ситуацијата во Украина и последиците од неа.

-Од клучен интерес за сите е зачувувањето на стабилноста во регионот и ориентирањето кон уште поинтензивна соработка помеѓу земјите кандидатки и Унијата, рекол на средбата вицепремиерот Маричиќ, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Силна е поддршката и посветеноста на француското претседателство за постигнување договор и деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес, посочил вицепремиерот Маричиќ.

Воедно, на десет дена пред одржувањето на јунскиот самит и Конференцијата за Западен Балкан на француското претседателство, Маричиќ порачал дека е потребно максимално да се искористи времето за постигнување европско решение помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кое со лидерство од страна на ЕУ ќе стави европски печат на иднината на регионот, соопштија од СЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот