фото: СЕП, Средба Маричиќ - Гир

Маричиќ – Гир: Заедничката посветеност за евроинтеграција носи успех

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше средба со шефот на мисијата на Европската Унија Дејвид Гир, на која ги нагласија клучните чекори направени кон пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, како и главните заеднички достигнувања на кои посветено работат на патот кон ЕУ, соопшти СЕП.

„Признавајќи ја непоколебливата посветеност на амбасадорот Гир, вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за непроценливото вклучување и ангажман на амбасадорот за евроинтеграцијата на државава. Истакната беше важноста од соработката која што не само што ги зајакнува билатералните врски, туку и ја поттикнува Северна Македонија кон успешно реализирање на важните процеси, на патот кон успешно реализирање на реформите, на патот кон полноправно членство во ЕУ до 2030 година“, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот Маричиќ на средбата напомена дека соработката со амбасадорот Гир е доказ за трајното партнерство меѓу Северна Македонија и ЕУ, посветеноста и заедничкиот интерес да бидеме дел од Европската Унија. Маричиќ истакна дека Северна Македонија останува решителна, ги негува заедничките вредности, демократските принципи и клучното партнерство со европската заедница, кое игра најважна улога во развој на државата по европски стандарди.

Поддршката која доаѓа од ЕУ, нагласи Маричиќ, е од огромна важност за нашата држава и е сигнал за ефикасно и ефективно надминување на предизвиците во текот на преговарачкиот процес, инфомираат од СЕП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот