Камиони МАН / Фото: Youtube / screenshot

„МАН“ ќе вложи 500 милијарди долари во производство на батерии за електрични камиони

Германскиот гигант во производството на камиони и автобуси „МАН“ објави дека во следните години ќе вложи околу половина милијарда евра во проширување на производството на батерии во фабриката во Нирнберг, јавија медиумите.

Покрај веќе инвестираните приближно 100 милиони евра во лансираниот производствен погон, во наредните години ќе бидат вложени дополнителни 150 милиони евра за понатамошен развој на експертизата во областа на технологијата на батерии и зголемување на длабочината на додадената вредност.

„Денес е историски ден за МАН. Со почетокот на производството на батерии, компанијата што го измисли дизел моторот влегува во нова ера. Исклучително сме горди на она што го создадовме тука во Нирнберг и на она што ќе продолжи да се создава“, рече извршниот директор на МАН, Александар Власкамп.

Вкупните инвестиции во Нирнберг достигнуваат половина милијарда евра, што претставува јасна посветеност на Баварија и Германија како центар на иновации. Инвестициите ќе обезбедат околу 400 работни места во технологијата на иднината и дополнително ќе ја унапредат трансформацијата на производствениот погон.

Тековната фаза на развој во Нирнберг може да произведе 50.000 батерии годишно, а новата зграда е дизајнирана да произведува до 100.000 единици годишно. Електрификацијата очигледно влијаеше и на економскиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот