
МАМАВИЗИЈА | Фотев: Ми импонира што сум син на партизанката Вера Фотева
Во тринаесетото издание на емисијата „Мамавизија“ ви носиме една поинаква приказна. Овој пат раскажуваме за една мајка, хероина во вистинска смисла на зборот, за партизаката Вера Фотева, мајка на Лазар и Никола Фотеви.
Препорачано
Постариот син на Фотева се одзва на нашата покана и нè удостои со своето гостување.
-Ми импонира што сум син на партизанка. За неа многу се пишувало во книги, трудови, има и неколку документарни филмови снимени за неа, но оваа емисија ми е посебно драга, бидејќи мене ми припадна честа јас да зборувам за неа – вели Фотев за „Мамавизија“.
Со длабока љубов, многу емоции и воздишки, на моменти и со солзи во очите, со треперлив глас, Фотев раскажува за својата мајка која се борела во граѓанската војна во Грција рамо до рамо со сите мажи.
-Вљубени во татковината со мојот животен сопатник бевме уште од детството, затоа што потекнуваме од македонски револуционерни фамилии. За слободата на татковината во својата бујна младост нарамивме оружје како борци во најубавите младешки години и си дадовме збор дека по ослободувањето ќе се венчаме – цитат на Вера Фотева.
Ќе зборуваме за нејзиното детство, за тоа како влегла во партизанските редови, како се заљубила во другарот партизан Минчо, подоцна нејзин сопруг, нивното децениско свадбено патување кое претрпело и темни затвори и озлогласени логори во Русија. За нејзиното враќање од Казахстан дома во Македонија, бремена во деветтиот месец со Лазар, за пукање на водењакот во авион…
И ако оваа приказна ви се чини како роман, грешите, ова е вистинската животна приказна на една мајка револуционерка.
Гледајте вечерва „Мамавизија“ премиерно во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.
Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.