Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Малолетник извршил 12 кражби во Штип

Малолетник од Штип е приведен и спроведен во казнено-поправен дом поради извршени 12 кривични дела.

На 30 минатиот месец од страна на полициски службеници од полициската станица во Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17-годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“ – информираат од МВР.

Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово. Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот