Малолетници излетале со четирицикл во Струмица, двајца повредени

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Двајца малолетници се повредени откако во средата со четирицикл излетале од пат во Струмица.

„На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот