
Малдини им се извини на навивачите: Сопствениците носеа одлуки, не бев јас
Директорот на Милан, Паоло Малдини, денеска се огласи во јавноста откако претходно неговиот тим одлучи да се откаже од учество во европската Суперлига.
„Росонерите“ беа еден од 12 клубови кои ја формираа Суперлигата, но по вчерашното откажување на шесте англиски екипи, денеска тоа го сторија и Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус.
– Никогаш не бев вклучен во расправата во врска со Суперлигата. Во неделата ја видов веста со изјава на клубовите кои ја формираа Суперлигата. Тоа беше одлукана сопствениците, јас немав ништо со тоа. И покрај тоа, сакам да им се извинам на навивачите – изјави легендарниот капитен на Милан и на италијанската репрезентација кој потоа повторно додека дека воопшто не учествувал во разговорите за Суперлигата.
Препорачано
Paolo Maldini non era tenuto a farlo visto che non è stato coinvolto nel progetto #SuperLega, ma si è comunque scusato verso i tifosi del Milan e delle altre squadre.
Un uomo di un altro livello. pic.twitter.com/xW3Wp9ROFL
— Matteo Bellan (@TeoBellan) April 21, 2021
– Јас сум директор на Милан, но не знаев ништо за проектот европска Суперлига. Дојде до забуна и ова мора да ни биде лекција. Сакам повторно да им се извинам на навивачите.
Претходно, во текот на денот извинување на своите навивачи упатија и сопственците на Ливерпул и на Манчестер јунајтед.
Суперлигата брои ситно: Поразот го признаа Интер, Милан и Јуве!
ВИДЕО: Сопственикот на Ливерпул јавно им се извини на навивачите!