Суперлигата брои ситно: Поразот го признаа Интер, Милан и Јуве!
Продолжуваат денеска откажувањата на клубовите од проектот „Суперлига“, сега тоа го направија италијанските гиганти Интер, Милан и Јувентус.
Иако се најавуваше проектот со 12 основачи, сега Суперлигата остана на само два клуба, Реал Мадрид и Барселона, но се очекува наскоро и тие да донесат одлуки.
– Ние отсекогаш сме сакале да им го дадеме најдобриот фудбал на нашите навивачи. Иновациите и вклученоста се дел од нашата ДНК – информира Интер во својата објава.
Претходно шпанскиот Атлетико се повлече од проектот, а неговиот тренер Диего Симеоне и играчите се среќни што се откажаа и веруваат дека спортските мотиви победија пред сите други.
УЕФА ја добива војната со Суперлигата, и Ањели си замина од Јувентус
Другите две италијански екипи кои се откажаа од Суперлигата се Милан и Јувентус.
„Росонерите“ за разлика од останатите клубови, децидно не наведоа дека се повлекуваат од натпреварувањето, туку само дека „го слушнаа гласот на навивачите ширум светот“.
Веднаш потоа соопштение објави и Јуве кој останува убеден дека Суперлигата е законски валиден и легитимен проект, но признава дека „сегашниот момент не е вистински и има многу ограничени шанси тој да заживее во првично замислената форма“.