Луцерн, Швајцарија / Фото: Pexels / Sergey Guk

Мала европска земја е на врвот на листата на најбогати

Швајцарија повторно ја потврди својата позиција меѓу најбогатите земји во светот, задржувајќи го второто место по богатство по глава на жител. Според најновиот Извештај за глобално богатство на осигурителната компанија Алијанц за 2024 година, просечното богатство по жител во Швајцарија е речиси 269.000 евра. На прво место сè уште се граѓаните на Соединетите Американски Држави, кои имаат просек од 311.000 евра по глава на жител.

Интересно е што изворите на раст на богатството значително се разликуваат помеѓу двете земји. Додека во Соединетите Американски Држави две третини од растот дојдоа од зголемувањето на вредноста на акциите, во Швајцарија дури 84 проценти од растот дојдоа од дополнителни заштеди.

Специфичноста на швајцарскиот модел на финансиско однесување е силната ориентација кон осигурувањето – дури 41 процент од заштедите се насочени кон осигурителни производи. Спротивно на тоа, банкарските депозити сочинуваат само 15 проценти од вкупните заштеди. Покрај тоа, повеќето инвестиции во хартии од вредност се поврзани со инвестициски фондови, со посебен акцент на ETF фондовите.

Бруто финансиските ресурси на домаќинствата во Швајцарија се зголемија минатата година за 4,2 проценти на годишно ниво. Ова е значително над растот од 2023 година, кој изнесуваше 2,6 проценти. Најголем придонес за овој скок дојдоа хартиите од вредност, додека пензиските фондови, осигурувањето и депозитите пораснаа со поумерено темпо. Кога долгот ќе се одземе од вкупната актива, нето финансиските средства се зголемија за 5,3 проценти.

Глобално, вкупните финансиски средства во светот пораснаа за 8,7 проценти минатата година, достигнувајќи 269 трилиони евра, надминувајќи го растот од осум проценти од претходната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот