
„Макс Бет“ на Мијалков отвора повеќе обложувалници низ Македонија
Друштвото за приредување на игри на среќа „Макс Бет“, во чија сопственичка структура се наоѓа компанија во сопственост на семејството на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, почнува да формира мрежа на обложувалници во Скопје и други градови низ Македонија, откако пред половина година доби лиценца од владата за првата обложувалница, пренесува „Фокус“.
Препорачано
Според податоците од Централниот регистар, компанијата за коцкање и обложување моментално има регистрирано 25 подружници за приредување на игри на среќа, кои во најголем дел се наоѓаат во Скопје (Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров), но и во други градови, како Куманово, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево.
Притоа, управител на сите подружници е поранешниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и Македонски шуми, Владимир Бахчоваковски, кој воедно фигурира и како малцински косопственик во компанијата со влог од 25.000 евра.
Како доминантни сопственици на македонската Макс Бет моментално се јавуваат истоимената српска компанија на Саша Марчета и домашната компанија Бест Веј Инвестмент, која е во сопственост на синот на Мијалков – Јордан Мијалков, чие учество во главнината на друштвото изнесува по идентични 237.500 евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
8час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5