ФОТО: Македонски „Су-25“
ФОТО: Македонски „Су-25“

Македонските „Сухои“ донирани на Украина ставени во борбена употреба

На социјалната мрежа Твитер се појави првата наводна потврда за почеток на борбена употреба на неодамна донираните македонски јуришни авиони Сухој 25 на Украина.

Еден профил на оваа социјална мрежа, без да наведе извор или други детали, објави дека „за прв пат е фотографиран поранешен македонски Су-25 во оперативна употреба како дел од 299-та ударна (тактичка) бригада на украинските воздухопловни сили“.

Како што пренесува угедниот српски портал кој се бави со авијатика „Танго шест“ авионот сега на боиштата ја носи ознаката „Плави 51“ (09015) и се вели дека е поранешниот „121“ на македонското воздухопловство.

Профилот кој е именуван како  Ukraine Weapons Tracker пишува и дека авионот е надграден до верзијата Су-25М1(К). Сепак засега никој од македонските власти не соопшти никакви детали дали македонското оружје донирано на Украина во изминатиот период е ставено во борбени дејствија на терен, со што се става на резерва автентичноста на ваквите објави на социјалните мрежи.

Војната во Украина го празни советското оружје и од македонските армиски магацини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот