
Македонските куглари со одлични резултати на меѓународниот турнир во Србија
Во Ковачица, Србија, на 17 и 18 декември, екипата на Славиа беше домаќин на силен меѓународен кугларски турнир до 18 години каде што учествуваа куглари и кугларки од Србија, Хрватска, Словачка, Македонија и млади од домашната екипа.
Препорачано
Македонската делегација беше составена од: Стефанија Алексовска, Андреа Вељаноска и Ивана Трајчевска од кк Пелистер Пин и Архан Арслановски, Кристијан Николовски и Дарко Јовановски од кк Пелистер 1982. Делегацијата ја предводеше селекторот на младинските репрезентации – Игор Михајловски.
Кугланата беше одлично спремна, а респектабилните имиња во составите (неколку носители на медали од Светски младински првенства) беше гаранција дека нема да недостига компетитивен дух помеѓу натпреварувачите. Форматот на екипите беше невообичаен 3 машки + 3 девојки. Првиот ден се играше екипно каде што се собираа резултатите од машките и девојките од секоја од земјите, додека вториот ден се играше спринт, квалификации и 1/4, 1/2 и финале.

Она што радува се одличните резултати на македонските натпреварувачи. Беа постигнати лични рекорди на Андреа, Кристијан, Ивана, Дарко. Екипно од сите шест резултати бевме на третото место зад Хрватска и Словачка. Во женска конкуренција бевме најдобри пред Хрватска и Словачка, додека во машка бевме на трето место. Поединечно Андреа и Стефанија беа на второ и трето место кај девојките. Сите резултати и фотогалерија можете да погледнете на официјалниот сајт на Кугларската федерација на Република Севернаа Македонија ТУКА
Во спринтот, согласно квалификациите, играа најдобрите осум резултати во машка и во женска конкуренција. Таму, во машка конкуренција на прво место беше Архан Арслановски кој во финалето победи на пенали, додека Стефанија Алексовска беше на третото место. Севкупно, впечатокот од настапите е одличен и оваа активност одлично дојде како контрола на формата на Андреа и Стефанија кои треба да куглаат во Ријека на Светскиот Куп.