
Македонските кошаркарски јуниори против Ирска ќе стартуваат на ЕП Дивизија Б
Македонската машка кошаркарска репрезентација „Под 18“ години денеска попладне го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во Скопје. Нашата селекција своите натпревари ќе ги игра во салата на СРЦ „Кале“.
Препорачано
Јуниорите сакаат да го искористат и тој „домашен момент“ во обидите да се дојде до еден резултат, кој може да донесе промоција и во иден учесник на евро-шампионатот во Дивизијата „А“. Селекторот Горан Андреевски се осврнува во период кој е зад стрчниот тим и избраниците кои ќе ги бранат боите на Македонија на ова првенство.
– Успешно завршен период е зад нас. Одигравме пет пријателски натпревари во кои забележавме скор од четири порази една победа. Но тоа не нė обесхрабрува. Игравме три натпревари без Луканоски, а два без Јаничиќ, кој заедно со Стојковиќ, Ќириловски, Младеновски и Димитријев се предводници на оваа селекција – вели Андреевски.
Составот на македонската репрезентација на ЕП:
0. Сергеј Младеновски бек 185 см
1. Никола Јаничиќ бек 198 см
5. Сергеј Петровиќ бек 191 см
7. Дарјан Димовски крило 198 см
6. Ристе Букрлишев бек 184 см
8. Атанасиј Трајанов крило 198 см
10 Лука Марјановиќ бек 192см
11. Коста Ќириловски крило 200 см
20. Бојан Димитриев крило 202 см
21. Давид Петрушевски центар 203 см
23. Марко Луканоски центар 209 см
42. Стефан Стојковиќ крило 200 см
НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ
ГРУПА А: Романија, Словачка, Црна Гора, Бугарија, Холандија
ГРУПА Б: Естонија, Швајцарија, Полска, Унгарија, Исланд, Косово
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, БиХ, Ирска, Чешка, Украина, Кипар
ГРУПА Д: Австрија, Норвешка, Велика Британија, Грузија, Португалија
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „Ц“
26 ЈУЛИ (ПЕТОК)
11.00: Кипар – БиХ
11.00: Чешка – Украина
18.30: МАКЕДОНИЈА – Ирска
27 ЈУЛИ (САБОТА)
13.30: Украина – Кипар
18.30: БиХ – МАКЕДОНИЈА
21.00: Ирска – Чешка
28 ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
13.30: Украина – БиХ
18.30: Чешка – МАКЕДОНИЈА
21.00: Кипар – Ирска
29 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) – СЛОБОДЕН ДЕН
30 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
11.00: БиХ – Чешка
11.00: Ирска – Украина
18.30: МАКЕДОНИЈА – Кипар
31 ЈУЛИ (СРЕДА)
13.30: Ирска – БиХ
18.30: Украина – МАКЕДОНИЈА
21.00: Кипар – Чешка