фото: kfsm.mk

Македонските кошаркари од првата група ги чекаат ривалите во европските претквалификации

Вкупно 10 европски репрезентации, вклучително и најдобрата македонска кошаркарска селекција ќе бидат дел од претквалификациите за пласман во квалификациите за Евробаскетот 2029 година, потврдија од ФИБА. За да се најдат во друштвото на најдобрите европски селекции ќе треба да поминат три натпреварувачки сегменти, односно рунди. Во првата фаза, ќе се игра во три натпреварувачки „прозорци“. Првиот е од 24 номеври до 2 декември 2025 година, вториот е во периодот од 23 февруари до 3 март 2026 година, а последниот ќе се игра во периодот од 29 јуни до 7 јули 2026 година.

Согласно со системот за натпреварување, ќе бидат формирани три групи, група „А“ во која ќе има четири репрезентации, група „Б“ и група „Ц“, со по три земји-учесници. Првопласираните три селекции, и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза. Во втората рунда, освен овие четири репрезентации ќе бидат приклучени и осум репрезентации кои ќе бидат елиминирани во првиот круг од европските квалификации за Светскиот Куп 2027 година во Катар.

фото: kfsm.mk

Ќе бидат поделени во четири групи („Д“, „Е“, „Ф“ и „Г“), по три национални тимови, а секоја репрезентација во оваа фаза ќе одигра по четири натпревари. Првопласираните четири репрезентации, од секоја група, ќе обезбедат пласман во квалификациите за ФИБА Евробаскетот 2029 година.

Согласно со моменталниот рејтинг, а по завршувањето на европските претквалификации за Светскиот Куп во 2027 година, сениорската репрезентација на Македонија ќе биде еден од трите носители во европскиот претквалификациски циклус. За пласман во квалификациите за Евробаскетот 2029 година, Македонија тргнува од првиот т.н. „шешир“ (согласно со актуелниот рејтинг), заедно со репрезентациите на Бугарија и Словачка.

Во втората, според квалитет, група, се поставени репрезентациите на Косово, Норвешка и Ирска, во третата се најдоа репрезентациите на Луксембург, Ерменија и Албанија, додека во линијата „4“ е селекцијата на Азербејџан. која согласно со полудиригираната ждрепка, не може да биде во иста група заедно со репрезентацијата на Ерменија.

Ждрепката, со која ќе бидат формирани натпреварувачките групи во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029,, ќе биде реализирана на 8 септември, во Рига, Летонија со почеток од 10.30 часот, а ќе биде пренесувана на „livestream“ платформата на ФИБА.

ЛИСТА НА НОСИТЕЛИ ПРЕД ЖДРЕПКАТА ЗА ЕВРО-ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ

ПРВА ГРУПА: МАКЕДОНИЈА, Бугарија, Словачка.

ВТОРА ГРУПА: Косово, Норвешка, Ирска.

ТРЕТА ГРУПА: Луксембург, Ерменија, Албанија.

ЧЕТВРТА ГРУПА: Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!