
Македонските каратисти ќе се борат за злато на Европската Универзијада во Полска
Македонскиот карате тим кој успеа да се најде во финалето на Европската Универзијада во Лоѓ (Полска) го сочинуваат Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.
Препорачано
Нашите каратисти остварија три победи и в сабота ќе бидат дел од финалето во екипна конкуренција во борби. Во првото коло беше совладана Унгарија со 3:0, потоа во второто триумфиравме над Украина (3:1), а во полуфиналето со 3:0 бевме подобри од Словачка.
Селекторот на универзитетската репрезентација на Македонија, Бошко Заборски вели дека е направен одличен успех и е обезбедено финале во најтешката дисциплина.
На минатата Универзијада пред три години во Загреб овие караристи беа исто така финалисти и го освоија сребрениот медал, а сега ќе се обидат да стигнат до златото.
На Универзитетските игри во Лоѓ се натпреваруваат 5.000 спортисти од 400 европски универзитети и 40 држави, кои учествуваат во 20 спортови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
5час
-
6час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5