фото: facebook/ФФМ

Македонските футсалци имаа водство, на крајот убедливо поразени од Португалија

Во новиот натпревар од квалификациите за Европското првенство денеска македонската футсал репрезентација загуби со 5:1 од Португалија.

Водеше нашата селекција од деветтата минута со погодокот на Рамадан (1:0), но потоа следува пресвртот на Португалците.

Противничката селекција во 11 минута израмни преку Сантош, па во 16 минута Матош донесе предност, а за 3:1 стрелаше Невеш во 18 минута.

Во второто полувреме Португалија ја потврди победата со погодоците на Невеш во 29 и Варела во 30 минута.

На конечната тебала во квалификациската група 7 Португалија дојде до првото место со девет бодови, пред второпласираната Холандија со три, а по еден освоија Андора и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот