фото: fczbrno.cz

Македонскиот фудбалски талент Мартин Ѓоргиевски ќе игра во Чешка за Збројовка Брно

Фудбалскиот клуб Збројовка Брно кој настапува во втората чешка лига се засили со 20-годишниот македонски играч од средниот ред Мартин Ѓоргиевски, доаѓајќи од прволигашот Брера Струмица.

Младинскиот репрезентативец на Македонија официјално потпиша повеќегодишен договор со Збројовка Брно.

– Мартин Ѓоргиевски е еден од најголемите таленти на својата генерација во Македонија. Иако има само 20 години, тој веќе одигра над 80 натпревари во Првата лига, па дури и го водеше својот тим како капитен. Благодарение на неговата разноврсност на позициите 8 и 10, тој се смета за исклучително ветувачки играч – рече спортскиот директор на Збројовка, Мартин Јиранек.

Долго време интерес за нашиот талентиран фудбалер покажувале и полскиот Раков, кипарскиот Пафос и шкотскиот Данди.

Веќе постигна и еден гол за репрезентацијата на Македонија до 21 година. На 20 години, тој има запишано вкупно 83 натпревари во најдобрата македонска лига, во кои постигна 13 гола.

Негови силни страни се првенствено техниката и играчката интелигенција. За моравскиот тим, тој е засилување кое треба да внесе креативност во средината на теренот, а воедно и да ја зголеми конкуренцијата меѓу играчите од средниот ред.

– Трансферот во Збројовка е голем чекор за мојата кариера. Чешкиот фудбал има огромен квалитет и би сакал да напредувам со тимот во највисокото натпреварување. Брно изгледа како прекрасен град, па верувам дека ќе бидам среќен тука – рече Ѓоргиевски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот