фото: Ракометна федерација на Македонија

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе игра против Хрватска на „Кроација куп“

Најдобрите македонски ракометари ги продолжуваат подготовките за настапот на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров денеска од 20.15 часот ќе го играат првиот натпревар на „Кроација куп“ во Пореч против домаќинот Хрватска.

Нашата селекција в сабота (7 јануари) ќе има уште еден меч на турнирот против Израел (20.15 часот).

Според најавите на последните контролни мечеви ќе недостасуваат тројца ракометари кои останаа во Скопје.

Потсетување дека на Мундијалот, Македонија е во група со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот