
Македонија назадуваше за едно место на ранг-листата на ФИФА
Денеска е објавена најновата ФИФА ранг листа на која најдобрата македонска фудбалска репрезентација има пад од едно место.
Препорачано
По минималниот пораз на контролниот меч во Прага против Саудиска Арабија и убедливиот триумф во Скопје над Лихтенштајн, моментно се наоѓаме на 63 место со 1388 поени.
Следните мечеви нашите најдобри фудбалери ќе ги имаат следниот месец, клучни за пласман на Светското првенство 2026. На 10 октомври им гостуваме на Белгијците, додека три дена подоцна во главниот град ќе го пречека Казахстан.
Белгија останува на осмото место, додека Казахстан кој назадуваше за четири позиција, се наоѓа на 118 место.
Нов лидер на ФИФА ранг листата е Шпанија со 1875 поени, пред Франција која скокна на второто место, додека Аргентина која досега беше на тронот падна на третото место.
Англија остана како четвртопласирана, следуваат Португалија и Бразил, на седмото место е Холандија, а веднаш зад Белгија се репрезентациите на Хрватска и Италија.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
36мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5