Македонија со најмал пад на БДП од земјите во регионот

Северна Македонија се очекува да претрпи последици од нарушувањата на глобалните синџири за снабдување, заради своите силни производствени основи, покажува новото издание на Регионалните економски перспективи на ЕБОР.

Европската банка за обнова и развој предвидува дека економијата во регионите каде е активна годинава ќе бележат просечен пад од 3.5 проценти заради економското влијание на пандемија на новиот коронавирус и дека следната година ќе имаат раст од 4.1 проценти.

Македонскиот бруто домашен производ (БДП) ќе забележи пад од 3,5 отсто во 2020 година како последица на економските последици од пандемијата на коронавирусот, а за наредната година се очекува раст од 5,5 отсто, се наведува во најновите макроекономски прогнози на Европската банка за обнова и развој

Во Западен Балкан очекувањата се дека Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија да претрпат последици од нарушувањата на глобалните синџири за снабдување, заради своите силни производствени основи, покажува новото издание на Регионалните економски перспективи на ЕБОР.

Економиите на Албанија и Црна Гора ќе бидат погодени заради големото потпирање на туризмот, додека економијата на Косово и некои други економии во регионот ќе бидат погодени од падот на дознаките, што ќе ја намали домашната побарувачка.

ЕБОР проценува дека хрватската економија, во 2020 година ќе опадне за седум отсто поради пандемијата, но во 2021 година би требало да следи брзо закрепнување со стапка од шест проценти.

ЕБОР, исто така, предвидува годинава да има и пад на БДП од 3, 5 проценти за Турција, проследено со раст на шест отсто во 2021 година.

Во извештајот на ЕБОР, се предупредува дека овие проекции се предмет на промена поради „невидената неизвесност”.

– Доколку мерките за социјална дистанца останат на сила многу подолго од предвиденото, рецесијата би можела да биде многу подлабока, при што нивоата на БДП на жител за 2019 година нема да може да се достигнат со години, пишува во документот на банката.

Главната економистка на ЕБОР, Беата Јаворчик, истакна дека додека светот излегува од кризата, клучно е земјите во регионот да се насочат кон идната соработка и зајакнување на економската еластичност.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот