фото: Атлетска федерација на Македонија

Македонија со двајца атлетичари на Балканското првенство во Белград

В сабота во Белград, Србија ќе се одржи Балканско првенство во атлетика во сала на кое Македонија ќе биде застапена со двајца атлетичари.

Во скок во далечина ќе настапи Андреас Трајковски од АК Работнички и во трката на 400 метри Јован Стојоски од АК Охрид.

Ова ќе биде трето учество на Трајковски за македонската репрезентација на Балканијада во сала.

Трајковски во 2022 година го освои бронзениот медал со скок од 7,62 метри, додека во 2024 се закити со сребрениот медал со скок од 7,79 метри што е актуелен македонски рекорд во сала.

Оваа сезона Трајковски е во одлична форма, негов најдобар скок сезонава е 7,72 метри, со што може да се надева дека повторно ќе се вмеша во борбата за медал.

Натпреварувањето во скок во далечина утре ќе стартува од 16.10 часот, а во конкуренција се 15 атлетичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот