Фото: mkdmma.com

Македонија по втор пат дел од најголемата ММА сцена во светот – Светско првенство 2025

Македонската ММА Федерација беше дел од IMMAF генералното собрание 2025, коe се одржа во рамките на Светското ММА Првенство 2025 во Тбилиси, Грузија.

Претседателот на Македонската ММА Федерација, Ивица Алексoвски, и Селектор на Македонската репрезентација, Стефан Пецевски, остварија средба со Керит Браун, претседател на Интернационалната ММА Федерација (IMMAF) како и со нивните колеги – Лука Николиќ, претседател на Српската ММА Федерација и Станислав Недков, претседател на Бугарската ММА Федерација.

Ова претставува значаен момент за зајакнување на соработката и добрососедските односи на Меѓународната и Балканската ММА сцена, каде што ММА спортот бележи голем раст и развој.

Фото: mkdmma.com

Заедничката визија е преку соработка, натпревари и проекти да се изгради посилна ММА сцена, и да се создадат уште повеќе можности за младите борци. како во регионот така и на глобално ниво.

Оваа година Светското ММА Првенство го урна рекордот по број на учесници – со над 780 пријавени борци од повеќе од 70 земји ширум светот.

Македонската ММА Федерација, како официјален член на Интернационалната ММА Федерација (IMMAF), е горда што нашата земја чекори рамо до рамо со балканските соседи на најголемата меѓународна ММА сцена. Ова е втора година по ред како Македонија е дел од најголемото ММА натпреварување под капата на IMMAF. Минатата година во Узбекистан, нашата претставничка Даниела Алексовска освои бронзен медал, а оваа година во Тбилиси, Грузија, таа повторно се закити со истиот. Во полуфиналната борба, Даниела беше поразена од Азербејџанката Нармин Алиева, која подоцна во Финалето ја декласираше противничката од Украина со доминантен настап, со што го освои златото и стана светска шампионка.

Овие успеси ја потврдуваат посветеноста и квалитетот на Македонската ММА Федерација и нејзините борци, но и нашата јасна улога како официјални претставници на Македонија во светската ММА заедница.

Македонската ММА Федерација останува посветена на развојот на спортот, создавање нови шанси за младите таленти и градење мостови со меѓународните ММА тела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот