Фото: Maкедонија Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Петров во Кавадарци сака нови три бода, Арсими фаворит против Шкупи

Со два натпревари денеска ќе започне осмото коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое дебитантот Арсими и расположениот тим на Македонија Ѓорче Петров ќе ја имаат фаворитската улога во своите натпревари.

Во првиот дуел, Арсими ќе го пречека тимот на Шкупи, последнопласираниот тим на табелата и единствениот што сѐ уште нема освоено бод. Домаќините од Чегране досега собраа пет бода и ќе влезат во овој натпревар како фаворити, особено имајќи предвид дека гостите од Чаир се во сериозна резултатска и организациска криза.

Арсими сезонава успеа да изненади со ремито против Шкендија (0-0) и убедливата победа против Пелистер во Битола (0-4), но загуби од Силекс, Вардар и Брера. Од друга страна, Шкупи е единствениот тим кој има седум порази во исто толку кола и само три постигнати голови, што ги става во улога на најголем кандидат за испаѓање.

Вториот натпревар денеска ќе се одигра во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека тимот на Македонија Ѓорче Петров. Гостите доаѓаат со две победи во низа, против Брера и Шкупи, па сакаат да ја продолжат добрата форма.

Покрај овие средби од ПМФЛ денеска се игра фудбал и во Втората лига каде што во истиот термин ќе се сретнат:

Брегалница – Преспа

Кожув – Скопје

Новаци – Каменица Саса

Осогово – Детонит

Победа – Големо Коњари

Шкендија Арачиново – Слога Вница

Вардар Неготино – Охрид

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот