
Македонија денеска во Бари ќе ги добие противниците за ЕвроВолеј 2026
Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска на ждрепката од 20.45 часот во италијанскиот град Бари ќе ги добие противниците во групната фаза од Европското првенство од 9 до 26 септември 2026 година што ќе се одржи во Италија, Бугарија, Финска и Романија.
Препорачано
Машкиот национален тим по четврти пат во низа ќе учествува на едно континентално натпреварување, каде е во друштво со уште 23 селекции меѓу кои и новиот светски првак Италија, како и сребрениот тим од последното СП – Бугарија, заедно со Романија и Финска како домаќини на 34 ЕвроВолеј следната година.
Претседателот на ОФМ Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски ќе бидат македонските претставници на ждрепката, која ќе се одржи на историска локација, норманскиот замок Свево во Бари, изграден во 12 век.
Ждрепката ќе има полу-диригиран карактер, односно четирите земји – домаќини ќе бидат сместени во по една од четирите групи, како нивни носители. Италија е носител во групата А, Бугарија ќе биде носител на групата Б во Варна, Финска во Тампере ќе ги пречека противниците во групата Ц, додека Романија во групата Д натпреварите ќе ги игра во Клуж. Непосредно пред почетокот на ждрепката, секој од домаќините ќе има за право да си избере по еден противник во групната фаза.
Организаторите – Италија, Бугарија, Финска и Романија обезбедија директен пласман на ЕП 2026. Полска, Словенија, Франција, Холандија, Србија, Украина, Германија и Португалија се селекциите кои според пласманот на претходното ЕП 2023 имаа обезбеден билет за следниот континентален собир. Селекциите на Данска, Белгија, Чешка, Естонија, Швајцарија, Грција и Словачка како првопласирани во групите во квалификациите се најдоа на ЕвроВолеј 2026, додека Македонија заедно со Летонија, Турција, Израел и Шведска како најдобропласирани второрангирани репрезентации во турнирските квалификации се најдоа на ЕП 2026.
ЕвроВолеј 2026 ќе се одржи во Италија, Бугарија, Финска и Романија од 9 до 26 септември 2026 година.
24 Men’s and 24 Women’s national teams are ready to battle for the European crown at #EuroVolley 2026! 🇪🇺✨
But before the action begins… it’s time to find out how the journey starts 👀
📅 EuroVolley 2026 Drawing of Lots, LIVE tonight from Bari 🇮🇹
🕗 20:45 CEST
📺 Watch live on… pic.twitter.com/b5KUwZ34HE— European Volleyball (@CEVolleyball) October 4, 2025