фото: КФСМ

Македонија без Хап и Магдевски во првиот дуел против Литванија

На првиот собир во СРЦ „Кале“, селекторот Алексадар Јончевски откри дека македонската кошаркарска сениорска репрезентација ќе биде далеку ослабена бидејќи покрај тоа што нема да може да смета на услугите на лидерот од претходниот ФИБА „прозорец“ Ненад Димитријевиќ поради клупските обврски, дел од составот нема да биде ниту Андреј Магдевски.

Првата средба против селекцијата на Литванија е закажана на 21 ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24 ноември, на гостински терен во Клаипеда.

Бекот на МЗТ Скопје Аеродром, Магдевски ќе го пропушти овој натпревар поради повреда, а медицинскиот тим ќе се обиде да му помогне да ја надмине повредата за втората средба.

– Имавме разговор со Магдевски. За жал нема да настапи на првиот натпревар. Медицинскиот тим ќе се обиде да го приспособи да биде дел од екипата на вториот натпревар – изјави селекторот Јончевски.

Изборот за натурализиран играч падна на Итан Хап, но и тој нема да биде дел од „црвено-жолтиот“ состав. Крилниот центар ќе пристигне во Скопје денеска, а се очекува да биде дел од составот за вториот меч во Литванија.

Воедно Александар Јованчев, актуелен шеф на стручниот штаб на екипата на Вардар од Скопје ќе биде дел од нашиот национален тим за овој квалификациски циклус, и тоа во улога на асистент-тренер.

Со оглед на тоа дека Никола Василев пред извесно време доби нов работен ангажман во Полска, во моментов не може да одговори на репрезентативниот повик, и неговото место во стручниот тим, покрај Јончевски и асистент-тренерот Никола Велев, ќе биде и актуелниот селектор на нашата машка кадетска репрезентација.

Јончевски повика 16 кошаркари за мечевите против Литванија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот