Македонецот најден мртов во Љубљана бил од Кочани – случајот го истражува криминалистичката полиција

Македонскиот државјанин кој минатата недела бил најден мртов на улица во Љубљана бил од Кочани на возраст од 39 години, а амбасадата на Македонија во Словенија е во контакт со неговото семејство и словенечките институции за пренесување на неговото тело. 

– Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката – соопшти Министерството за надворешни работи откако во словенечките медиуми беше пренесена веста.

Како што објави словенечкиот портал „24ur.com“ неговото тело било пронајдено во центарот на градот во четвртокот наутро, а како што информира портпаролката на Полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц, станува збор за 38-годишен маж од Македонија.

Според неофицијални информации на порталот, тој бил претепан до смрт, но полицијата сè уште не го потврдила тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот