фото: facebook.com/SG BBM Bietigheim

Македонецот блескаше за Битигхајм: Томовски во тимот на колото во втората Бундеслига

Голманот на најдобрата македонска ракометна репрезентација, Мартин Томовски имаше одличен настап во првиот натпревар од новата сезона во втората Бундеслига.

Нашиот чувар на мрежата имаше значаен придонес од 20 одбрани (47% успешност) во гостинскиот триумф на Битигхајм над Елфблоренц со резултат 28:24.

Благодарение на таквите перформанси Томовски се најде во тимот на колото во втората Бундеслига.

– Ова не се само мои перформанси, туку и на целиот тим. На крајот имавме поголема концентрација и сила – а во второто полувреме навистина силна одбрана – беа зборовите на Томовски по завршувањето на мечот.

Следниот меч во шампионатот Битигхајм ќе го има на 7 септември дома против Либек-Швартау.

Првопласираните две екипи оваа сезона ќе обезбедат пласман следната година во најдобрата германска лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!