Македонец убиен во расправа со двајца Еритрејци во Германија

Германија германска полиција
Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Триесет и двегодишен македонски државјанин бил убиен во саботата во германскиот град Есен. Смртоносниот напад се случил среде центарот на градот, од страна на двајца Еритрејци, пренесува Билд.

Двајцата Еритрејци, едниот на 25 години, другиот на 29 години, првично се расправале со Македонецот, а расправијата прераснала во тепачка. Еритрејците го тепале Македонецот со пивско шише додека тој не колабирал. Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица.

Му била пружена прва помош и сведок на настанот се потрудил да го реанимира повредениот на лице место, кој веќе не бил при свест.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време поради сериозните повреди“, изјавил портпаролот на полицијата.

Поради добриот опис на сведокот, полицијата успеала да уапси еден осомничен (25) на железничката станица во Есен, а другиот (29) на железничката станица во Милхајм.

Се уште е нејасна причината за нивната расправија. Комисија за убиство сега го истражува случајот под раководство на јавното обвинителство во Есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот