Фото: EPA / Profimedia

Мајката на Бритни Спирс има долг од 660.000 долари: Пејачката одбила да ѝ помогне

Пејачката Бритни Спирс (41) веќе подолг период е во центарот на вниманието поради своето однесување, разводот со Сем Асгари, како и расправиите со семејството. Очигледно е дека гласините за заладувањето на односите на пејачката со нејзината мајка Лин Спирс се вистинити, пишува „Дејли мејл“.

Како што дознаваат странските медиуми од извор близок до семејството, Лин има сериозни финансиски проблеми. Таа  моментално работи како продавачка во продавница за козметика и како наставник на замена во основно училиште.

„Едвај успева да ги плати сметките“, изјавил изворот за „Дејли мејл“.

Според изворот, врз нејзината моментална финансиска состојба најмногу влијаела последната расправија со Бритни. Имено, минатата година Лин од својата најстара ќерка побарала финансиска помош од 660.000 долари. Таа побарала Бритни да ѝ ги покрие судските трошоци користени во парницата за старателството врз неа.

Сепак, адвокатот на Бритни, веднаш го отфрлил тоа барање, истакнувајќи дека „нема правна основа“ за тоа. Тој објаснил дека пејачката во својата кариера заработила милиони долари и уште од детството го издржувала целото семејство.

И додека Лин се мачи, нејзината ќерка продолжува со реализирање на успешни проекти. Во јули, Бритни ја објави песната „Mind Your Business“ со Вил-ај-ем, а набрзо ќе ги промовира и мемоарите насловени „The Woman in Me“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот