фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Мајами и Мемфис се пласираа во плејофот на НБА лигата

Кошаркарите на Мајами обезбедија пласман во плејофот на НБА лигата откако утрово по продолжение ја победија Атланта со 123:114.

Најефикасен играч за Мајами беше Тајлер Хиро со 30 поени, осум скокови и седум асистенции. Ендру Вигинс постигна 20 поени, а Бем Адебајо 17.

За Атланта, Тре Јанг постигна 29 поени и 11 асистенции, додека Оњека Оконгву имаше 28 поени и 12 скокови. Мајами ќе игра против Кливленд во плејофот на НБА.

Играчите на Мемфис се квалификуваа за плејофот во НБА откако го совладаа Далас со 120:106 на домашен терен. Најефикасен во редовите на Мемфис беше Џарен Џексон со 24 поени, додека Дезмонд Бејн постигна 22.

Ентони Дејвис беше најефикасен играч кај Далас со 40 поени. Мемфис ќе игра против Оклахома во плејофот на НБА.

НБА плејоф, парови: Индијана-Милвоки, Бостон-Орландо, Њујорк-Детроит, Денвер-Лос Анџелес клиперс, Хјустон-Голден Стејт, Лос Анџелес лејкерс-Минесота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот