Судски совет - табла / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Маја Аврамова е назначена за претседателка на Основен суд Гевгелија, судијката Тодорова ќе раководи со ОС Делчево

Поради пензија на судијката Марица Аврамчева Зафирова, која раководеше со Основен суд Гевгелија, за нејзин наследник е назначена судијката Маја Аврамова, одлучи Судскиот совет денеска на 503. седница.

На денешната седница, Советот донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово. Воедно, избра и судии поротници во Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Гевгелија.

На судијата Ахмет Идризи од Гостивар му беа одобрени патни трошоци за превоз за неговиот ангажман во Основен Кривичен суд Скопје, исто како и на судијата Драган Јаковлевски од Битола кој ја извршува судиската функција во Основен суд Крушево.

Судскиот совет денеска формираше комисии за вонредно оценување на кандидати по објавен оглас за избор на членови на Советот од редот на судиите и кандидати за претседатели на судови и ја делегираше судијката Катерина Тодорова од Основен суд Струмица, во Основен суд Делчево за период од една година.

Денеска беше усвоен и записникот од 499- та седница на Судскиот совет на РСМ од 19.09.2024 година, а седницата треба да продолжи со расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија, одлучување по известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и разно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот