Фото: Скриншот/Јутјуб

„Маестро, лесно ти небо“: Познатите личности се збогуваат со Кире Костов

Денеска нѐ напушти Кире Костов, еден од најзначајните македонски композитори, оставајќи зад себе бројни музички евергрини кои ќе живеат засекогаш во срцата на македонската публика.

Во неговото долгогодишно творење, тој соработуваше со многу познати имиња кај нас и создаде композиции кои ги одбележаа нивните музички кариери.

Со објави на социјалните медиуми, голем број соработници и пријатели се простија од големиот Маестро.

„Растевме и созревавме со неговите композиции, до ден-денес омилени кај сите генерации. Почивај во мир, драг чичко Кире Костов. Искрено сочувство до целото семејство“, напиша Тамара Тодевска.

„Денеска нѐ напушти голем музички великан, човек кој остави големи траги во македонската музичка дејност. Моето прво искуство со студио и сцена беше баш со чичко Кире Костов, кога снимавме за првпат во далечната 1994 година, за детскиот музички фестивал ‘Си-до’. Патувај мирно голем човеку, ќе живееме со твојата музика. Сочувство до семејството“, напиша Димитар Андоновски.

„Септември ‘97. На почетокот од мојата музичка кариера имав чест и привилегија првата песна да ја напише Маестро Кире Костов. Сонот стана јаве, композиторот на ‘Твоите очи сине’, ‘Кога те нема’… ќе твори за мене. На среќата ѝ немаше крај. Сите негови композиции имаат возвишена емоција, а тој ќе продолжи да живее преку нив. Почивај во мир Маестро, сочуство до семејството“, напиша Маја Вукичевиќ.

„Една од незаборавните инструментални композиции на Кире Костов. Се обидував да ја свирам неговата композиција како тој што ја свиреше под негово диригентство, но никој не можеше така како него, со толку љубов кон интерпретацијата. Само Кире го имаше тој сенс“, напиша Љупчо Мирковски.

„Лесно ти небо, Маестро“, напиша Игор Џамбазов.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почина македонскиот композитор Кире Костов: Зад себе остави бројни музички евергрини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот