фото: Dušan Milenković/rkpartizan.rs

Маџовски и РК Партизан во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на Партизан го елиминираа Диомидис Аргус за пласман во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Откако на првиот меч славеа играчите на Диомидис Аргус со 28:26, на возвратниот дуел славеше Партизан со 32:22.

На реванш мечот македонскиот интернационалец Бојан Маџовски еднаш се запиша во листата на стрелците.

Кај неговите соиграчи најефикасен беше Никола Црноглавац со 10 постигнати голови. За грчкиот тим Анастасиос Пападинисиу запиша пет погодоци.

Во следната фаза се пласираше и составот на грчкиот АЕК кој со две победи беше подобар од словенчката Крка (38:28, 31:25).

На чекор од пласман во четвртфиналето е и македонскиот претставник Алкалоид кој на првиот натпревар во Италија славеше со 44:32 над Бриксен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот