Фото: Инстаграм/madonna

Мадона го менува сценариото на нејзиниот биографски филм: Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна

Мадона на социјалните мрежи објави дека работи на пишување на сценариото за биографски филм наречен „Who’s That Girl“.

Во објава на Инстаграм, пејачката позираше со машина за пишување и претходно одбиеното сценарио. Иако е нејасно, ажурираните страници на сценариото ги прикажуваат промените и поправките на кои работи.

„Ми требаат многу пари за да го направам ова (Приказна за мојот живот)“, напиша Мадона во натписот на објавата.

Во интервју за списанието „Variety“ пред две години, Мадона рече:
„Имав неверојатен живот, морам да снимам неверојатен филм“ и објасни зошто таа мора да биде сценарист и режисер на филмот. „Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна“.

Минатиот месец британските медиуми објавија дека ѕвездата избрала актерка која ќе ја портретира. Станува збор за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија на Нетфликс, „Ozark“, како и серијата „Inventing Anna“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот