Мадагаскар воведува кастрација на силувачи на деца

Фото: EPA-EFE/Henitsoa Rafalia (архивска фотографија)

Парламентот на Мадагаскар одобри нов закон со кој ќе се овозможи хируршка кастрација на осудените педофили, пишува Дејли Меил.

Според новиот закон, оние што ќе бидат прогласени за виновни за силување на дете помало од десет години, ќе бидат подложени на хируршка кастрација и ќе бидат осудени на доживотен затвор.

Доколку жртвата е на возраст од десет до 13 години, сторителот ќе биде хемиски кастриран, додека малолетниот сторител ќе избегне кастрација.

Ова е големо заострување на законот, имајќи предвид дека според досегашната законска регулатива, ваквите кривични дела предвидуваа полесни казни и некаква општокорисна работа.

Предлог-законот е предложен од претседателот на Мадагаскар, Андри Рајоелина минатиот месец, што исто така беше едно од неговите клучни предизборни ветувања за време на минатогодишните избори.

Меѓународните организации го критикуваа новиот закон. Тигер Чагутах, регионален директор на Амнести интернешенел за Источна и Јужна Африка, рече дека „во Мадагаскар случаите на силување се недоволно пријавени и дека има стигматизирање на жртвите и недоверба во судството“, објавија локалните медиуми.

„Спроведувањето на хемиска и хируршка кастрација, што претставува сурово, нечовечко понижувачко постапување, како казна за оние кои се прогласени за виновни за силување малолетници, нема да го реши проблемот и не е во согласност со уставните одредби на Мадагаскар против тортура и друго малтретирање како и со меѓународните стандарди за човекови права“, рече тој.

Претходно овој месец, Казахстан, исто така, најави дека може да воведе хируршка кастрација на осудените педофили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот