Фото: Pexels/ Instagram

Луда идеја: Ако сакате бесплатно да патувате со воз една година – тетовирајте се

Патувањето со воз станува сè попопуларно, а Европа е зафатена од бран на нови линии во јавниот превоз. Железниците никогаш не изгледале подобро, иднината изгледа светла, затоа што секој ден читаме за отворање на нови линии меѓу метрополите на стариот континент. Во морето на овие вести пристигна една интересна вест од Австрија или пак, можеби е подобро да се каже – бизарна, пишува „Пун куфер“.

Доколку се одлучите да патувате со воз во Австрија, а сте еден од оние кои сакаат да заштедат пари, постои многу конкретно решение. Одлуката можеби нема да е најлесната, но ако сакате да се возите бесплатно една година и да ги погледнете планинските врвови и пасиштата, единственото нешто што треба да направите ​​е да добиете тетоважа.

Фото: Instagram/ Klimaticket

Можеби понудата звучи привлечно, но има и еден услов – треба да го истетовирате името на патничката карта „Клима тикет“ („KlimaTicket“). Единственото нешто што не е дефинирано е каде да се истетовирате, па можеби и вреди да се патува една година доколку тетоважата е на незабележливо место.

Фото: Pexels/ mathias reding

Промоцијата е лансирана ова лето, преку пренослив салон за тетовирање, кој посетуваше различни фестивали. Иако многумина тоа го дочекаа со потсмев, некои решија да го понудат своето тело за рекламирање, во замена за бесплатен билет, а според последните податоци такви лица има вкупно шест.

Фото: Pexels/ senuscape

Самата промоција и идеја ја поддржа австриската министерка за климатски промени, Леоне Гевеслер, која присуствуваше на фестивалот носејќи лажна тетоважа со името на билетот.

Реакциите на иницијативата, беа поделени – некои сметаа дека е одлична идеја за подигнување на свеста кон животната средина, додека други сметаа дека е претерано да се нудат такви „бенефиции“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, „Клима тикет“ („KlimaTicket“) првпат беше воведен пред две години, со цел да се промовираат возовите како одржлив начин на движење низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот