фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ЛШ: Еурофарм Пелистер на стартот против ПСЖ според првичниот распоред

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите за новата сезона во Лигата на шампоните. Пелистерци кои трета година во низа ќе ја претставуваат Македонија во елитното ракометно клупско натпреварување, беа извлечени од третиот квалитативен сад.

Македонскиот шампион, ќе биде дел од Б групата каде за противници ќе ги има, актуелниот европски шампион, германскиот Магдебург, шпанската Барселона, францускиот ПСЖ. Тоа секако се фаворитите за највисок пласман, но тука се и: Висла Плоцк (Полска), ГОГ (Данска) и Пик Сегед (Унгарија) и Загреб (Хрватска).

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен првичен распоред. Според него Еурофарм Пелистер на стартот би тргнал на домашен паркет против ПСЖ, а потоа му следува гостување во Барселона, па домашен меч со ГОГ и гостување во Висла…

Првичен распоред за македонскиот првак во ЛШ:
1. коло: Еурофарм Пелистер – ПСЖ (10/11 септември 2025)
2. коло: Барселона – Еурофарм Пелистер (17/18 септември 2025)

3. коло: Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме (24/25 септември 2025)
4. коло: Висла Плок – Еурофарм Пелистер (08/09 октомври 2025)

5. коло: Еурофарм Пелистер – Загреб (15/16 октомври 2025)
6. коло: Магдебург – Еурофарм Пелистер (22/23 октомври 2025)

7. коло: Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед (12/13 ноември 2025)
8. коло: ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер (19/20 ноември 2025)

9. коло: Еурофарм Пелистер – Магдебург (26/27 ноември 2025)
10. коло: Загреб – Еурофарм Пелистер (03/04 декември 2025)

11. коло: Еурофарм Пелистер – Висла Плок (18/19 февруари 2026)
12. коло: ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер (25/26 февруари 2026)

13. коло: Еурофарм Пелистер – Барселона (04/05 март 2026)
14. коло: ПСЖ – Еурофарм Пелистер (11/12 март 2026)

Осминафинале:
1/2 април и 8/9 април 2026

Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026

„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026

Инаку, Европската ракометна федерација – ЕХФ во наредните денови треба да го креира официјалниот распоред, а обично во него има промени поради телевизиските права, дерби натпреварите и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот