Фото: EPA-EFE/WU HONG

ЛОШО ПЛАНИРАЊЕ: Продажбата на акциите во Тесла ги чинеше 7,3 милијарди долари

Непосредно пред моментот кога цената на акциите на компанијата „Тесла“ започнале да растат, државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија го продал речиси целиот удел во таа компанија.

Така, со лошо планирање, останаа без 7,3 милијарди долари.

На крајот на годината, името „Сауди Арабија паблик инвестмент фонд“ имале вкупно 39.151 акција, додека само еден месец претходно со преку 8,2 милиони акции биле еден од најголемите акционери во компанијата.

Сепак, пред производувачот на електричните автомобили да доживее огромен раст на вредноста на акциите, кои им овозможија многу подобри резултати на светскиот пазар, фондот одлучи да продаде поголем дел од својот удел во оваа компанија.

Со оглед на фактот дека моменталната цена на акциите на Тесла се околу 887 долари, тоа би значело дека саудискиот фонд, доколку не ги продаделе акциите во компанијата, сега би имале акции во вреднос преку 7,3 милијарди долари. Наместо тоа, со „само“ 39.151 акции, инвестицискиот фонд може да се пофали со нешто повеќе од 34,7 милиони долари.

Како што пишува „Блумберг“, Саудијците се одлучиле да вложат во Тесла кога Илон Маск размислувал за приватизација на својата компанија, односно за заминува на Тесла од берзата пред една и пол година.

Откако нивниот државен фонд вложил две милијарди евра во компанијата, ексцентричниот милијарер на својот Твитер профил објави дека има доволно средства за откуп на акциите.

Маск исто така, на својот блог ги опиша преговорите со фондот и ги искористи како оправдување за своите тврдења дека ќе ја приватизира Тесла. Тоа, очекувано, ги вознемирило Саудијците кои не сакале јавноста да биде запознаена со улогот во американската компанија и од тој момент размислувале за продажба на својот дел во компанијата, а како што пишува „Блумберг“, одлуката ја донеле во потполно грешен момент.

Само оваа година акциите на Тесла скокнаа на неверојатни 112 отсто, со што тој произведувач на електрични автомобили има пазарна вредност поголема од великаните како Џенерал моторс, Фијат крајслер и Фолксваген заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот