фото: newcastleunited.com

Ливраменто надвор од терените осум недели, потврди Хау

Тежок удар за Њукасл во период со згуснат распоред.

Тренерот на Њукасл, Еди Хау, потврди дека дефанзивецот Валентино Ливраменто ќе отсуствува од терените најмалку осум недели поради повреда на лигаментите.

„Отиде кај специјалист, скенирањето првично изгледаше подобро отколку што мислевме. Но, експертот потврди дека станува збор за повреда која бара опоравување од два месеци, што е голем удар за нас со оглед на бројот на натпревари кои не очекуваат. Тоа е повреда на лигаменти и ќе биде потребно време за закрепнување“, изјави Хау.

Ливраменто се повреди на 28 септември против Арсенал во Премиер лигата, кога мораше да биде изнесен на носилки. Поради тоа ги пропушти дуелите против Унион Сен Жилуаз во Лигата на шампионите и против Бредфорд во Лига купот. Сите претходни натпревари сезонава ги започна како стартер.

Минатата сезона одигра 45 натпревари за Њукасл, а во ноември дебитираше за сениорската репрезентација на Англија, со која веќе има три настапи, вклучувајќи го и мечот против Србија, кога одигра сите 90 минути.

Њукасл моментално е на 15. позиција во Премиер лигата со шест бодови по шест кола, додека по две одиграни рунди во Лигата на шампионите има три бода и е на 11. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот