фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Ливерпул во петок ќе го претстави новото засилување Флоријан Вирц

Ливерпул веќе ги финализираше сите детали околу потпишувањето на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Се очекува германскиот фудбалер да пристигне во четврток и да ги помине медицинските прегледи еден ден подоцна.

Договорот на играчот со англискиот клуб ќе важи до јуни 2030 година, а клубот планира официјално да го претстави веднаш откако ќе завршат процедурите во петок, пишува Флоријан Платенберг од „Скај Спортс Германија“.

Ливерпул ќе плати рекордна сума и за тимот и за британскиот фудбал од речиси 140 милиони евра за 22-годишниот Вирц.

Ливерпул ќе даде 117,5 милиони евра како фиксна трансферна сума, а остатокот ќе биде во форма на разни бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот