фото: EPA/PETER POWELL

Ливерпул против Кристал палас за првиот трофеј во сезоната на стадионот „Вембли“

Откако ја освоија Премиер лигата, фудбалерите на Ливерпул ќе имаат можност да докажат кој е најдобриот тим во Англија пред почетокот на новата сезона, а тоа може да го направи во традиционалниот Комјунити Шилд против освојувачите на ФА Купот, Кристал палас.

Битката за првиот трофеј во сезоната започнува денеска од 16.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Интересно е што „Црвените“ ја завршија сезоната во Премиер лигата против Кристал палас, кој се одржа со нерешен резултат 1:1 на „Енфилд“. Гостите беа многу блиску до победата, но на крајот, Мохамед Салах го спаси шампионското славје на Ливерпул.

Од друга страна, Кристал палас го освои ФА Купот со триумфот против моќниот Манчестер сити со голот на Езе во раната фаза од мечот.

Во меѓувреме, Ливерпул донесе сериозни засилувања на „Енфилд“. За да ги одржат шампионските амбиции, пристигнаа Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фрипонг… кои имаа можност да се претстават пред навивачите во текот на подготвителниот период, каде што англискиот тим оствари три победи во четири контролни дуели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот